ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 353 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 примени пациенти и 19 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен 1 пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 25 оздравени пациенти.