ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти,

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 441 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град, пренесуваат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија и на ТБЦ и тројца на Клиниката за дерматологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти.
На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 26 болни.