ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 67 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 67 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центратот на ТОАРИЛУЦ, на Клиниката за Трауматологија.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 35 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 18 примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови пациента.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 41 оздравен пациент.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button