ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 70 пациенти, пуштени 33 оздравени пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 70 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 569 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје.
Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 48 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 3 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 16 нови пациенти и 2 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 33 оздравени пациенти.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button