ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Во критична состојба четворица од повредените во пожарот во Кочани

Четворица пациенти повредени во кочанската трагедија кои се на лекување во странство се во критична состојба, додека останатите се во стабилна состојба. Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека од 115 пациенти кои се лекуваат во странство, во текот на неделата се очекува 8 пациенти да се вратат на лекување во земјава. Тој најави и дека во моментов на клиниките низ земјава се лекуваат 46 пациенти, а 16 од нив денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување.

Advertisements

„Во текот на оваа недела, почнувајќи од среда, очекуваме дел од пациентите кои се стабилни и добро да се вратат, оваа бројка што е најавена за сега, верувам дека ќе биде 8 пациенти…(4:39) Денес има четворица критични пациенти, но овие бројки не ги земајте како дефинитивни бидејќи сме во фаза на инфекции кои пациентите можат да ги развијат и може да се појават нови компликации во секое време“, рече Таравари.

Министерот за здравство рече дека тим од пластични хирурзи ќе престојува во Кочани, за пациентите кои ќе се лекуваат дома по враќањето од клиниките да можат да ја добијат потребната поддршка и терапија, без да мора да патуваат.

Здравствените власти се надеваат дека половина од пациентите кои се во странство ќе се вратат во рок од две недели за да продолжат со лекување во земјава.

Во моментов на Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ се лекуваат 26 пациенти, тројца во Карил, шест на пластична хирургија, 11 на токсикологија, двајца на пулмологија и двајца на детска хирургија, еден на торакална хирургија и еден на офталмолошка клиника. По 10 пациенти се на Клиниката „8 Септември“ и Градската клиника.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button