ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Кривичен денеска продолжи судењето за Вања и Панче

Откако извршивме претрес во партијата Десна и приведовме неколку лица обвинетиот Влатко Кишишев не однесе на местото на убиената Вања Ѓорчевска, сведочеше денеска во судот Музафер Каришиќ, поранешен началник во СВР Скопје. Каришиќ рече дека Кишишев бил исплашен пред полицијата, постојано повторувал дека ако нешто каже Палчо ќе го убие. Кога ги однел на местото каде е пронајдено телото на Вања, Кишишев тврдел дека тој само стоел настрана.

Advertisements

„Прво нè однесе до запалено возило, еден стар ‘цитроен’, за кој веќе знаевме. Таму се колебаше, сакаше да каже нешто, но потоа се премислуваше. Конечно рече: Ајде ќе ве однесам до местото и продолживме да возиме по неговите насоки. Кога стигнавме до местото тој само со главата одмавна и покажа кон перници и душеци, а потоа го видовме носот и едната нога на девојчето“, рече Каришиќ.

Кешишев потврдил дека Палчо и Велибор Манев биле дел од убиството, а во прво време не го споменал осомничениот Боре Видески. Во однос на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, сведокот рече дека Ѓорчевски од една страна бил упорен да се трага по неговата ќерка, но од друга страна постојано тврдел дека се е залудно и дека таа киднапирана и убиена, но не открил детали зошто така мисли.

Мајката на Вања пак според сведокот била сталожена. Според одбраната, тврдењата за однесувањето на Александар се небулоза, а обвинија и дека Ѓорчевски бил физички малтертиран од полицијата и тоа во присуство на Каришиќ, нешто што сведокот го негираше во текот на својот исказ.

„Александар во тој момент се однесувал народски речено како мува без глава, тоа е вистината и тоа секој што бил присутен заедно со него може да го потврди. Пред него се одвива целата тортура врз Александар, тој е во просторијата заедно со Александар и задно со уште тројца негови колеги, ако не грешам двајца или тројца, тоа Александар ќе го појасни“, рече Туфегџиќ.

Покрај Каришиќ, пред судот сведочеше и началник од СВР Велес, Ристе Самарџиев, кој рече дека обвинетиот Велибор Манев ги однел до телото на убиениот велешанец Панче Жежовски. Дупката во која се наоѓала неговото тело била три метри длабока, а Манев и рекол на полицијата дека Палчо пукал во Жежовски. Сведокот спомена и видео докази, за кои одбраната на осомничениот Боре Видевски рече дека се контрадикторни.

„Сведочењето на вториот сведок тогашниот началник на вешелката полиција исто така оди во насока на таквото тврдење, барем во делот дека на снимките во хотел Романтик. Не појасни ниту во еден случај ниту колку луѓе се видени, во колку коли и дали постојат снимки од лицата на тие луѓе“, вели Манев.

Со испитување на сведоци судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес ќе продолжи во петок. Велешанецот Панче и малолетната Вања, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември минатата година.

Михајло Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button