ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Кривичен продолжи судењето за случајот „Ласкарци“

Со директно испитување на бранителот на шестообвинетиот за несреќата што пред четири години се случи кај местото Ласкарци, a во која загинаа 16 лица и повеќе од 30 беа повредени, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот.

Advertisements

На денешното рочиште, обвинителот Дарко Јакимовски, рече дека нема прашање за присутните вештаци, а доколку денеска отсутниот вештак Зекирија Зекири се појави на некое од следните рочиште, го задржува правото да продолжи со негов распит.

На претходното рочиште се испитуваа вештаци од тимот што го изготви машинското супервештачење, во отсуство на вештото лице Зекирија Зекири, за кое, поради болест, претходно во неколку наврати имаше одложување на процесот.

Најголемиот дел од прашањата се однесуваа на системот за сопирање и процентот на неговата ефикасност за успорување. – Она што ние го заклучуваме во нашиот вешт наод е дека во почетокот на настанување на сообраќајната незгода не е активиран системот за кочење. Тоа се изјавите на сведоците кои возеле позади автобусот, а вториот елемент е зошто ние се врзуваме локациски за првата ограда. Тоа е онаа анализа на трагата каде што нема подолжна или бочна сила, што нѐ наведува на заклучокот дека до тука не е употребен системот на кочење, рече вештакот Иван Ѓаковски. Прашани дали ќе се согласат дека трага на пат нема да остане ако коефициентот на успорување не е под 40 проценти, вештаците одговорија дека за тоа ќе се произнесат сообраќајните вештаци.

По барање на вештите лица, поради замор, и јавниот обвинител, како што рече, „поради неподнослива атмосфера во судницата“, Судечкиот совет ја прекина расправата и ја закажа за денешниот ден.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button