Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.
Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години.