ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во крушевско Нерово, продолжува бојкотот на наставата

Во крушевско Нерово, продолжува бојкотот на наставата

Бојкотот на наставата во основното училиште „Никола Карев“ во село Нерово, општина Крушево, продолжи и денес поради лошите услови за учење. Родителите рекоа дека нема да им дозволат на своите деца да одат на училиште сè додека надлежните институции не дозволат градежни работи и не ја легализираат новата училишна зграда што моментално ја градат самите жители на селото.

Advertisements

„Имам две деца во училиште, шесто и второ одделение. Тие се дома, нема да ги пуштиме до крајот на неделата, засега ќе бојкотираме до крајот на неделата. Старото уќилиште не ги исполнува условите за нашите деца, условите се ужасни. Апелирам до целата Влада што побрзо да го заврши, да има услови за нашите деца, бидејќи има 145 ученици, условите се ужасни, во катастрофална состојба сме со условите на децата во училиштето во село Нерово. Апелирам до сите министерства што побрзо да ја завршат оваа постапка„, рече Абип Изаири, жител на село Нерово, општина Крушево.

Според жителите, најавите за уривање на новата училишна зграда, која сега е при крај, ги поттикнале речиси сите политички партии да се заинтересираат за решавање на ова прашање, најавувајќи последователни посети на селото. Во текот на денот, жителите на селото ги посети лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

„Вклучени се сите политички партии, во текот на неделата имаме информации дека и Изет Меџити ќе дојде да не посети. Ни се јави и Африм Гаши, сега сите не поддржуваат, ќе видиме како ќе продолжат постапките на политичарите“, додаде Абип Изаири, жител на село Нерово, општина Крушево.

Вчера, жителите на селото Нерово протестираа пред училишната зграда, откако полицијата ги запре градежните работи на објектот и според жителите, одлуката за уривање на зградата се преиспитува поради недостаток на градежна дозвола од институциите. Според градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, околу 90% од зградите во селата на оваа општина се без урбанистички план, вклучувајќи ја и старата училишна зграда каде што учениците моментално држат настава. Христоски рече дека ќе побара од Владата да ја легализира новата училишна зграда, а потоа од Просветниот инспекторат да одлучи дали ги исполнува условите за да функционира како училишна зграда./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button