ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Куманово ноќеска пожарникарите гаснеле запален автомобил

Во Куманово ноќеска пожарникарите гаснеле запален автомобил

Кумановските пожарникари интервенирале на три пожари во текот на изминатото деноноќие, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Ноќeска од 02:55 до 03:55 часот пожарникарите гаснеле автомобил на улицата „Никола Карев“. Во село Брзак синоќа горело стрниште и сува трева на приближно два хектари. Пожарникарите го гаселе од 19:55 до 22:05 часот.

Вчера во попладневните часови горела сува трева на локалитетот „Менкова Колиба“. Од 17:25 до 18:05 часот пожарот се гасел со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button