ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во Куманово санкционирани 48 возачи, 17 мотоциклисти за неносење заштитен шлем

Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во содејство со полициското одделение за сообраќајно ескортно обезбедување, спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територија на Куманово при што санкционирани се вкупно 48 возачи, меѓу кои осум за возење без возачка дозвола, 17 мотоциклисти за возење без заштитна кацига.
Како што соопшти МВР, засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.