Во летната сезона кога се зголемува бројот на пожари, властите не се целосно подготвени за борба со огнените стихии
Во летната сезона кога се зголемува бројот на пожари, властите не се целосно подготвени за борба со огнените стихии

Во летната сезона кога се зголемува бројот на пожари, властите не се целосно подготвени за борба со огнените стихии. Само еден од трите авиони е во функција, додека другите два се на сервис. Во меѓувреме, општинските противпожарни единици се соочуваат со недостиг од пожарникари. На ниво на цела држава, од предвидените 800 пожарникари според закон, во служба има само 400. Тие немаат ни основни услови за работа, како што се соодветна облека и чизми за гаснење пожари, а на терен излегуваат со возила стари дури од 40-тите години на минатиот век.
Но, заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, оценува дека Дирекцијата сепак е подготвена за справување со пожарите.
„Веќе пристигна еден од ер тракторите што беше на сервис во Република Северна Македонија, другите два се во завршна фаза. Исто така, е надминат проблемот со пилотите, така што очекуваме дека во текот на летото ќе бидеме максимално подготвени во однос на пожарите… Другите два се во завршна фаза. Станува збор за прашање на денови или недели кога се очекува да пристигнат во државата“, рече Кашмир Салиу, заменик-директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Според сезонската прогноза, земјата ја очекува суво и мошне жешко лето, и Дирекцијата има подготвен план за дејствување при пожари.
„Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на основни сознанија изготвува одреден план за дејствување при пожари. Сепак, природата е непредвидлива и секогаш знае да нè изненади. Сметаме дека како дирекција за заштита и спасување сме подготвени да го покриеме ова лето во однос на пожарите“, додаде тој.
Според Европскиот информативен систем за шумски пожари, минатата година во Македонија биле евидентирани 126 шумски пожари, во кои изгореле над 94 илјади хектари земјиште. Во проценти, во 2024 година во Северна Македонија изгореле 3,6 отсто од вкупната површина на територијата./Алсат.мк
Ајнур Бафќари