ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во магацинот на Поштa 600 000 писма чекаат да бидат доставени

Да бидеме ефикасни кон клиентите. Ова е ветувањето на Поштата на Северна Македонија, која и покрај ветувањето за квалитет и професионалност, со години не ги исполнува минималните барања на граѓаните. Но, реланоста е поинаква, а пратките и писмата се чекаат со месеци.

Advertisements

Челниците на Пошти за Алсат изјавија дека претходното раководство во текот на оваа година дозволило во магацините на Поштата со месеци да се чуваат околу 600.000 пратки и писма на граѓани.

„Не може да се каже дека бевме блокирани, но доцнеа во смисла дека раководството не беше добро и имавме скоро три, четири месеци, доцнења. Тие не се испратени. Стигнаа на четвртиот месец, беа оработени во седмиот или осмиот месец. Се доцнеше 3-4 месеци“, рече Мухамед Јакупи, заменик директор на Секторот за надворешен промет.

Проблемот не е само недостигот на работници, туку и возниот парк со транспортни возила кој е застарен. Најдобар доказ се овие слики…

Сепак, тоа не е се. Наместо професионални возила за превоз на стока, работниците се принудени да туркаат тежини на рачни колички.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button