
С Македонија е лидер во регионот кога е во прашање бројот на сиромашни семејства. 3% од населението живее со само 1,9 долари на ден, додека 23,7% живеат со 5,5 долари на ден. Ректорот на Универзитетот Мајка Тереза, Изет Зеќири, алармира дека поскапувањето директно влијае на зголемување на сиромаштијата во земјава.
„И од овој број, кој е релативно голем, околу 440 илјади граѓани живеат во сиромаштија и огромно мнозинство, околу 8% од сиромашните се вработени, 45% од сиромашните се невработени, 7% се пензионери и 33% останати. Тоа покажува дека Македонија води меѓу земјите од регионот, ако се анализира на пример Србија има 0,88% со апсолутна сиромаштија, Албанија има 0,45%. Сите земји на Балканот имаат помалку од 1%, додека ние имаме 3% и тоа има тенденција на зголемување“, вели Зеќири.
Зеќири вели дека Владата дефинитивно треба да излезе со конкретни мерки за ублажување на сиромаштијата. Главна причина за осиромашувањето се екстремното поскапување на храната и енергенсите. Едно семејство треба да одвои околу 70% од семејниот буџет за да може да обезбеди храна за еден месец и да ги покрие другите основни трошоци.
„Една од препораките е да се види можноста или да се направи сценарио за намалување на акцизите, на овој начин да се намали товарот на семејствата бидејќи некаде околу 40%, во ова 40% е за храна, а 18% за една година порасна само цената на нафтените енергенси“, рече Букурије Имери Јусуфи, професор.
Доказ за зголемувањето на бројот на сиромашни семејства во земјава е и зголемувањето на бројот на социјалните случаи, кој за период од две години е дополнет со нови 9 илјади семејства. Ако пред две години овој број изнесуваше 27 илјади социјални семејства, сега има 36 илјади.
Мелихате Рустеми