МАКЕДОНИЈА

Во Македонија дури 56% од жртвите на трговија со луѓе се малолетници

Жртвите на трговија со луѓе со потекло од земјава најчесто се таргет на роднини или пријатели. 56 отсто од случаите се малолетни – деца на возраст меѓу 10 и 17 години. Вакви поразителни податоци на Светскиот ден за борба против трговија со луѓето објавија невладините организации. Спред нив, најзастапена е сексуалната, трудовата експлоатација, присилниот брак, па питачењата… Таргет се жртви кои потекнуваат од ризично семејство каде има зависници од дрога, алкохол или пак сиромаштија. Чести се понудите за работа во странство, а реалната слика е роб.

„…Огромен број на жртви не се откриени, а тоа значи дека не пристапиле до соодветните сервиси улсуги за помош и заштита, а од друга страна трговците – сторителите на делото не биле кривично гонети“.

Жртвите на трговија со луѓе поради страв ретко се осмелуваат да го пријават тоа. А, цел на бело робје може да се стане и преку интернет.

„И затоа сметам дека и покрај родителите коишто треба будно да внимаат како нивните деца го користат интернетот, социјалните мрежи, со кого комуницираат и каква е таа комуникација, исто така е неопходно да се размислува во оваа насока за преземање активности со цел спречување на трговија со луѓе и вовлекување на децата во трговија со луѓе преку интернет.“

Полицијата за една година идентификувала четири малолетни женски лица кои биле мета на трговија со луѓе за сексуална експлоатација и питачење.

Невладините алармираат дека не е доволен само еден прифатен центар за жртви од трговија со луѓе во кој се сместуваат и возрасни и деца. Според нив, државата треба повеќе да се вложи во овие луѓе по државното сместување, бидејќи ако се вратат во истата средина, повторно може да станат жртви на истата појава.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button