ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Во Македонија годишно умираат околу 4.000 луѓе како последица на загадениот воздух

Загадениот воздух особено оној со лебдечки честички (ПМ2.5 и ПМ10) како што е случајот со повеќето градови во Македонија се поврзува со бројни здравствени исходи особено со заболувањата на респираторниот и кардиоваскуларниот систем и зависат од бројни фактори како што се индивидуалните карактеристики, пол, возраст, генетски и наследни заболувања, коморбидитети, животни стилови…, како и од концентрацијата на материјата што загадува и времетраењето на изложеноста на неа, велат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Advertisements

Проценките на ИЈЗ за периодот 2019-2021 покажуваатѝѝѝ дека годишно, Македонија губи 4.175 животи кои можат да се припишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички. Според последните проценки од 2024 година кои се однесуваат на периодот 2020-2022 година, годишно умираат 291.4 луѓе на 100.000 жители заради тековниот квалитет на амбиентниот воздух.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) напоменуваат дека при исти измерени концентрации, ефектите кај изложеното население може да бидат различни затоа што многу важен фактор е и хемиската композиција односно состав, што со себе ја носат тие честички како што се тешки метали, сулфати, хлориди…

„Долготрајната изложеност на високо ниво на загадување на воздухот е поврзана со повисоки стапки на смртност од кардиоваскуларни болести, респираторни заболувања и рак. Кога станува збор за амбиентното аерозагадување, станува збор за еколошка нееднаквост која ги влошува здравствените разлики, што доведува до повисоки стапки на астма, кардиоваскуларни болести и други здравствени проблеми особено на оние сиромашните и социјално загрозените групи на население“, велат од ИЈЗ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button