ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во Македонија има 620 000 парчиња на оружје, од кои 420 000 се нелегални
Во Македонија има 620 000 парчиња на оружје, од кои 420 000 се нелегални

Се пука во домови, на улица, па дури и во инситуции. Полицискиот билтен преполн со црна хроника, за жал со жртви. Македонија изминативе две недели ја потресоа серија случаи – кираџија уби сопственик, а во Прилеп вработена во центарот за социјални работи едвај спаси жива глава.
Последните истражувања говорат дека во земјава има над 620 илјади парчиња оружје, од кои 450 илјади се сметаат за нелегални. Тоа значи дека на 100 луѓе 30 имаат оружје, од кои осумина имаат дозвола за поседува оружје, а 22 немаат.
Податоците покажуваат дека има многу оружје по глава на жител .Македонија е на седмото место во истражувањето кое опфаќаше 34 земји на Европската унија, на Западниот Балкан и Молдавија, за поседување на нелегално оружје.
Од полицијата велат дека превземаат мерки, и дека имало злоупотреби – кога полициски службеници нелегално давале дозволи.
„ Во врска со издадени дозволи по поднесени барања за издавање на одобрение за набавување на оружје спротивно на Законот за оружје, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава за кривичното дело „Несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од КЗ на РСМ, против 25 вработени службени лица во Министерството за внатрешни работи“, велат од Министерство за внатрешни работи.
Кривични пријави за 25 полицајци, за незаконско издавање на одобренија за набавување на оружје
Од Кривичниот суд велат дека за осум години односно од 2014 година до 2023 година за неовластено изработување, држење и тргување со оружје Обвинителството од вкупно 339 лица кои не поседувале соодветни документи за поседување на оружје, казна затвор утврдило на 130 лица, додека за 198 била определена само условна пресуда, а три лица биле ослободени од обвинение.
Табела Основен кривичен суд Скопје
За 8 години, затвор за 130 лица за незаконско поседување на оружје
ДОКУМЕНТОТ –
ВИД ОДЛУКА
ПРЕСУДИ
ЛИЦА
Казна затвор
120
130
Условна осуда
185
198
Условна осуда со заштитен надзор
1
1
Казна парична
2
2
Задолжително психијатриско лекување во установа
1
1
Запрена постапка
2
2
Обвинението е одбиено
2
2
Ослободени од обвинение
3
3
ВКУПНО
316
339
Инаку во Македонија за да се добие дозвола за оружје, треба да се исполнувата следниве услови – лицето да има наполнето 18 години, да е деловно способен, здравствено способно за поседување и носење оружје, да има живеалиште во земјава со важечка лична карта, како и да има има оправдана причина за набавување на оружје./Алсат.мк
Ангел Димовски