Во маркетите денеска сè по стара цена, ништо од поевтинувањата
Во маркетите денеска сè по стара цена, ништо од поевтинувањата

Полиците на маркетите остануваат полни со прехранбени производи, но по стари цени. Иако имаат рок до 16 март да ги намалат цените на тестенините и млечните производи, продавачите ја користат можноста овие производи да ги продаваат со 10-15% поголема добивка. Граѓаните велат дека овие мерки се задоцнети и дошле по една година откако веќе џебовите им се испразнети. По континуираните поскапувања, двете нови решенија кои стапуваат во сила од четврток, повторно ќе бидат недоволни во однос на приходите и нискиот животен стандард.
“Сите дневни артикли се скапи. Овие што ги користиме повеќе лебот, млекото, месото. 200 денари 1 кг риба од Аргентина, поскапо од Европа, навистина поскапо. Таму се 3 евра со плати над 2000 евра, но овде платите се 400-500 евра“, рече еден граѓанин.
Од прехранбената индустрија во Стопанската комора велат дека државните мерки малку ќе им го намалат профитот, но велат дека во текот на наредната недела ќе излезат со став дали се подготвени да седнат на разговори со власта за враќање на субвенцијата за струја за ако треба да ги намалат цените и до 20%.
„По лебот, со замрзнувањето на цените на тестенините и млечните производи, истите нема да фалат на продажните места, но ќе се соочиме со последиците од загубите од овие одлуки. До крајот на мај, до кога ќе трае оваа мерка, се надеваме дека нема да има ново поскапување на увезените суровини, што би нè принудило да го намалиме производството за да го намалиме нивото на нашите загуби“, велат од Сектор за прехранбена индустрија во Стопанска комора.
Од Владата вчера најавија дека во иднина ќе го анализираат и евентуалното замрзнување на цените на шеќерот, јајцата и домашниот ориз. Сепак, цените на месната индустрија и овошјето и зеленчукот и натаму остануваат високи. Последниве, иако се дел од потрошувачката кошница каде што маржата за ДДВ е замрзната на 10%, трговците не планираат да ги замрзнат цените./Алсат.мк
Аднан Ќаили