
Очекуваме во март да го потпишеме договорот за почнување на изградбата на интерконекторот со Грција – изјави попладнево премиерот, Христијан Мицкоски на прес конференција. Тој информираше дека тендерската документација е завршена, а веќе е избрана и компанија со најдобра понуда.
„Имаме зелено светло од банките коишто го финансираат – ЕИБ и ЕБРД така што очекувам и од тука да влеземе со уште една можност, а тоа е конечно јужниот интерконектор да биде функционален и оперативен. Тоа е од прилика три милијарди нормални метри кубни годишно“, рече Мицкоски.
Северниот интерконектор, пак, како што кажа тој, е дел од проектите кои ќе бидат финансирани во Планот за раст кој беше донесен од страна на ЕУ.