ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во минатото, земјоделството обезбедуваше опстанок за семејствата додека денес едвај ги покрива трошоците

Во минатото, земјоделството обезбедуваше опстанок за семејствата додека денес едвај ги покрива трошоците

Доктор Идрис Илјази ја продолжува семејната традиција на одгледување земјоделски производи. Иако студирал медицина, Илјази не го оставил настрана земјоделството. Според него, во минатото неговите родители успевале да го издржуваат семејството и да ги школуваат своите деца исклучиво од насадените земјоделски култури, додека во последниве години, земјоделството не може ниту да му обезбеди егзистенција, а камоли да ги школува своите деца.

Advertisements

„Со години живееме од земјоделство и сточарство. Сто години откако семејството се пресели, егзистираме од овошје, зеленчук и сточарство. Моите родители се грижеа за сè, а ние ги продававме нашите производи низ цела поранешна Југославија, додека денес тие се меѓу најзаостанатите“, рече Идрис Илјази. Доктор/земјоделец.

Како да не беше доволно занемарувањето на земјоделството, неодамна над 500 хектари земјиште во месноста наречена „Деребој“ останаа без канал за наводнување. Првично, беше оштетен од неколку градби, а потоа беше блокиран од заштитниот ѕид што беше изграден околу реката. Илјази вели дека зголемените температури ги загрозуваат посевите доколку општината не интервенира навреме. За да бараат привремено решение за проблемот со водата, многу други земјоделци денес му се придружија на Илјаз.

„Ние водата ја земавме одовде, некогаш стигнуваше до Сириќина, но со отворањето на овој канал кој не функционира, земјиштето ни остана пустелија – од Гостивар па сè до Јажинце“, додаде Идрис Иљази, доктор/земјоделец.

„Имам јаболки, круши, ливади и друго. Воопшто немаме вода, ни капка вода нема, дојдовме да видиме како да пуштиме малку вода. Имам и добиток на нива и без вода се, се трудам со буриња“, рече еден Земјоделец.
„Ако не се пушти вода, ќе изгори целиот род, и тлото, тогаш општината ќе треба да ни ги плати трошоците. Имам засадено дваесет хектари зелка, бараат работа, бараат вода“, додаде друг.

Од Општина Тетово велат дека работите за решавање на проблемот на земјоделците ќе започнат утре, и тоа со поставување цевка што ќе ги исполни нивните барања./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button