Во многу општини улиците и тротоарите се покриени со ѓубре

Годишно од руралните општини се издвојуваат стотици илјади денари за еколошко одржување, поточно за чистење, но селските патишта и тротоарите речиси никогаш не се чистат.
Неодржувањето на патиштата и тротоарите општинските власти во Теарце и Брвеница го правдаат со недостиг на финансии и соодветни претпријатија.
„Управувањето со водата за пиење функционира во рамките на јавното претпријатие, додека другите услуги не се вклучени поради ограничувања, бидејќи реално од девет села кои гравитираат во општината, само четири се дел од системот за услуга на вода за пиење. Додека другите комунални услуги не се интегрални компоненти и не функционираат. Отсекогаш сме барале, но секогаш сме ограничени со финансиски можности бидејќи самата компанија не е сама да ги нуди овие општински услуги кои се во надлежност на јавното претпријатие“, вели Нухи Незири, градоначалник на општина Теарце.
„Општина Брвеница во рамките на ЈКП нема посебна единица која се занимава со чистење на патишта и улици и нивно зимско одржување, туку ангажираме сезонски работници кои врз основа на годишната програма за јавно одржување ја вршат оваа работа“, рече Јакуп Хусеини- општински инспектор.
Речиси во целата земја, отпадот често завршува во планини, ниви и речни корита, а не на соодветното место за собирање.
Башким Сулејмани