ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во моментов не постои механизам што ја гарантира правичната застапеност во јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во интервју за Алсат истакна дека експертската група на владино ниво работи на нов закон за застапеност на етничките групи во јавната администрација, откако Уставниот суд го укина балансерот во октомври минатата година. Во моментов се спроведуваат јавни огласи за вработување без категоријата со која се бара етничка припадност за одредено работно место.

Advertisements

Вицепремиерот Изет Меџити вели дека наскоро законот ќе влезе во процедура на одобрување, а во моментов се дискутира за деталите.

„Работните групи веќе разговараат за деталите на изготвената нацрт-верзија, која во моментот кога ќе биде финализирана со финеси ќе влезе во владина процедура, потоа во парламентарна“, рече Меџити.

Укинувањето на балансерот во октомври 2024 година предизвика бран реакции и дебати откако опозицијата обвини дека со тоа се дискриминираат Албанците. Коалициската влада најави дека укинатиот балансер ќе биде заменет со закон за правична и соодветна застапеност. Сепак, сè уште не се знае кога ќе заврши процесот. Партиите од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ мора да одобрат нацрт верзија која мора да биде испратена до Венецијанската комисија на мислење за да не биде оспорена пред Уставниот суд.

Сепак, испраќањето на нацрт-законот пред одобрувањето би значело дека законот нема да биде усвоен брзо. Колку долго може да трае, покажува искуството со Законот за употреба на јазиците, од кои неколку члена беа испратени на оценка во јануари, а мислењето дојде речиси една година подоцна, во декември. Од друга страна, до целосно усвојување на законот, државата ќе остане без никаков механизам кој би гарантирал правична и соодветна застапеност, и покрај тоа што е уставна категорија.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button