Во моментов нема потреба од дополнителни мерки за ограничување на движењето, велат здравствените власти

Владата донесе одлука следните две недели да остане ограничувањето на движењето од 22 часот навечер до 5 часот наутро. Во моментов нема други дополнителни мерки и покрај зголемување на бројот на позитивни случаи и бројот на жртви. Заменик министерот за здравство, за АЛСАТ, вели дека во моментов ситуацијата може да се менаџира и не ја исклучува можноста за наметнување дополнителни мерки, во случај на влошување на состојбата.
„Ова не значи дека нема да ја преиспитаме оваа одлука во наредните денови, ќе направиме уште подетална анализа. Кризниот штаб во Владата ќе биде повикан доколку бројките излезат од контрола. Мерки што се преземени, значи полицискиот час од 22 до 05 часот врз основа на статистичката и епидемиолошката анализа се вели дека има стабилност во бројките. Втората работа е дека секој ден се обидуваме да ги прошириме болничките капацитети“, рече Илир Хасани- заменик министер за здравство.
Микробиологот Никола Пановски, смета дека треба да се воведат мерки додека ситуацијата е под контрола, критикувајќи ги властите за несериозен пристап кон ситуацијата.
Полицискиот час ќе важи до 6 април.
Вјолца Алити