Во населбата Средно Нерези во Скопје, улиците како во средниот век

Десетици куќи во населбата Средно Нерези во Скопје живеат како во средниот век. Неасфалтиран и каллив пат. Велат дека од општината Карпош не виделе инвестиции веќе 50 години.
Жителите во улицата „Козле 1“ се во уште потешка состојба. Во овој дел има многу куќи кои самите го одржуваат неасфалтираниот пат. Во отсуство на општинска грижа, жителите велат дека самите ја изградиле канализацијата и асфалтот. Но, неодамна, асфалтот е тргнат за изградба на водоводната мрежа и има само кал.
„Она што го гледате овде, општината го расипа и не го поправи. Ова го миеме самите затоа што децата одат на училиште, па да не одат низ калта. Во 1995 година, плативме 5.000 марки приватно затоа што општината ни рече на изборите дека ќе дојдат, но видовме дека нема ништо, а во кал не се живее“, вели Рамиз Ибраими, жител.
„Тие дури и не дојдоа да не прашаат како, каде, што. Градоначалникот никогаш не дошол да не праша за проблемите. Сме го побарале, рече ќе дојдам денес, ќе дојдам утре, само за изборите ќе дојдат малку да не лажат“, додава еден жител.
Во иста состојба се наиоѓаат и околните населби. Жителите на населбата Средно Нерези бараат општина Карпош што е можно поскоро да ги заврши започнатите работи.
„Се симнуваат од Горно Нерези и калта станува до тука. Стевчо порано го виде, не стори ништо 12 години и овој сега виде, но досега ништо…“, вели еден жител.
„Има многу оштетени патишта, кога врнат обилни дождови, тогаш сè носи со себе, тогаш тука не можете да одите од калта, од нечистотија. Зошто да не инвестира општината, ова е населба на оваа општина“, додава Лулзим Џемаили, жител.
Од општина Карпош велат дека во текот на 2020 година била инсталирана нова водоводна мрежа во Средно Нерези, со што се подобри водоснабдувањето на куќите. Нагласуваат дека во текот на 2021 година предвидуваат реконструкција на патиштата. Од општината додаваат дека сите поплаки на жителите од оваа област се разгледуваат од сектор за општинска инфраструктура, кои биле на терен и ја потврдиле фактичката состојба.
Мефаил Исмаили