ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Нерова, Крушево, нема решение за училишната зграда, додека учениците и натаму не следат настава

Во Нерова, Крушево, нема решение за училишната зграда, додека учениците и натаму не следат настава

Над 140 ученици од основното училиште „Никола Карев“ од селото Нерова во Општина Крушево, неделата ја завршија со бојкот на наставата. Родителите повторија дека нема да ги пуштат децата во училиштето се додека надлежните институции не дозволат реализација на градежните работи, и легализација на новата училишна зграда која во моментов ја градат жителите на селото. Од друга страна, министерката за образование, Весна Јаневска, призна дека за оваа проблематика била информирана од медиумите, потсетувајќи ги родителите дека не треба да дејствуваат сами кога станува збор за училишна установа.

Advertisements

Министерката Јаневска, рече дека треба да биде одговорен и градоначалникот на Општина Крушево, кој изјави дека не знае кој стои зад изградбата на оваа училишна зграда.

Од друга страна, градоначалникот на Крушево Тони Христоски, за Алсат изјави дека ќе се разгледа секоја можност новата училишна зграда да не се урива , туку да се стави во служба на учениците и наставниот кадар. Христоски потсетува дека генезата да не се легализира новата училишна зграда која е веќе во изградба, но и старата, датира многу години наназад, по територијалната поделба од 1996 година. Жителите на селото Нерова од понеделникот протестираат пред училишната зграда, откако полицијата ги запре градежните работи на објектот и според жителите, се разгледувала одлуката за уривање на објектот поради немање одобрение за градба од институциите. Според градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски, околу 90% од објектите во селата на оваа општина се без план, вклучувајќи ја и старата училишна зграда каде учениците во моментов посетуваат настава./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button