ВЕСТИСВЕТ

Во Норвешка e во сила признавањето на Палестина како држава

Министерството за надворешни работи во Осло потврди дека во Норвешка од полноќ Палестина е призната како држава.

По Норвешка, во текот на денов (28.05) се очекува Палестина како држава официјално да биде призната и од Ирска и Шпанија. Владите на трите земји се надеваат дека со овој чекор ќе се внесе раздвиженост во врска со решението за две држави.

Владата на Израел реагираше огорчено на најавата за признавање и ги повика амбасадорите на трите земји во Министерството за надворешни работи за да им врачи опомена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button