ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Одри кај Теарце наставата не почна, родителите не ги пуштаат децата

Второто полугодие од учебната година не започна за 130 ученици од основното училиште „Фаик Коница“ во село Одри, општина Теарце. Родителите не ги пуштија децата на училиште поради лошите услови. Според нив, училниците се многу студени поради алуминиумските прозорци, а парното греење едвај покрива 30 отсто од капацитетот.

Advertisements

Проблемот во ова училиште не е само греењето и условите, туку и училницата во која учат деца од предучилишна возраст, каде поради влажност, често се случува децата да се заболат од пневмонија, како што беше во последните два случаи.

„Постојано доставаме барања дека треба интервенција, особено за греењето бидејќи наставниот процес го одржуваат во многу тешки услови. Се консултиравме за котлите, немаат осигурувачи и тоа претставува голем ризик што не сакаме да се случи и ги предупредивме. Бојкотот ќе продолжи додека не се обезбеди греење за децата“, вели Лавдим Фаризи, претседател на Советот на родители.

„Условите што сме ги поставивме како родители, не ги праќаме додека не се исполнат. Децата секогаш се разболуваат, немаат основни услови. Срамота е сега да се занимаваме со овие работи, наместо да бараме модернизација на училиштето, бараме основни услови“, вели еден жител.

„Бојкотот ќе продолжи како што почна, додека не се исполнат условите“, реагираат жителите.

“Сè додека не се исполнат барањата на родителскиот совет бојкотот ќе продолжи до крај“, се заканија жителите.

Од општина Теарце признаваат дека училиштето е во лоша состојба и оти не презеле никакви чекори за подобрување на условите. Според родителите, предлогот на надлежните бил наставата или да започнува напладне, или да се одвива онлајн или учениците да се префрлат во друго училиште.

„Ова е обемна работа која бара време, плус климатските услови се тука, а тоа оди и со јавните набавки кои ние како институција сме должни да ги реализираме. И да имаме пари во овој момент, тешко е да се интервенира, без разлика дали се работи за прозорци или за ново грејно тело. Досега нема пишан проект ниту за прозорци, ниту за парно греење“, рече Мухамет Реџепи, Сектор за образование- општина Теарце.

Кој треба да ја преземе одговорноста за училиштето кое е во ваква состојба две децении?

„Одговорноста паѓа врз општината бидејќи таа е нејзин основач“, одговори Реџепи.

И оние малку интервенции како внатрешното кречење на училиштето и украсите се направени со финансии и лично залагање на родителите.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button