Во Охрид модуларната болница не работи, прoкиснала

И покрај големиот наплив на Ковид позитивни пациенти, модуларната болница во Охрид скоро два месеци е под клуч.
Во декември беше затворена затоа што дојде до прокиснување на кровот, а се шпекулираше дека дошло и до краток споj на електричната енергија, нешто што директорот тогаш го негираше. Засега не се знае кога модуларната повторно ќе проработи.
„Минатиот пат појавуваше малку кондензат, па чекаме експертиза од министерство. Со оглед на се тоа што настана во Тетово, треба да се направи уште една експертиза, да се проверат сите тие параметри и инсталации, пред да се отвори…“ вели Горан Балески-директор на општа болница во Охрид.
Во моментот Инфективното одделение е префрлено во стариот објект од 1950 година. Проблем е што таму нема централен довод на кислород, па вработените носат во боци.
„Со оглед на сè она што се случи во Тетово има страв и кај пациентите и кај персоналот и ова е некоја подобра варијанта “, вели Горан Балески-директор на општа болница во Охрид.
Во меѓувреме, освен Инфективното одделение, како ковид оддели се пренаменети интерното и дел од нервното одделение. Бројот на хоспитализирани во Охрид во моментов е повеќе од 50. Во ковид амбулантата дневно има и по 160 прегледи. Во Струга модуларната болница работи и таму засега се хоспитализирани 12 пациенти.
Мики Трајковски