ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Охрид сѐ помалку основци Албанци

Паралелките на албански јазик во основните училишта во Охрид остануваат со сè помалку ученици. Со тоа се намалува и можноста да се отворат класови на албански наставен јазик во средното образование. Основците Албанци учат во „Братство и единство“, единственото основно училиште во градот каде се изведува настава и на албански.

Advertisements

„Ако генерациите се движеле околу 30 ученици по генерација, особено последните генерации беа 15, 23 претходната година, оваа година имавме 14 новозапишани ученици на албански наставен јазик, а имавме 34 полуматуранти во учебната 2022/2023. Тоа е директен пад од околу 20 ученици“, вели Џемал Мехмед-директор на ОУ Братство и единство.

Иако веќе неколку години во Електро-машинскиот училишен центар во Охрид во конкурсите кои ги распишуваше Министерството за образование беа предвидени и две албански паралелки, речиси и да немаше интерес.

Инаку, иницијативата за отварање на средно училиште на албански јазик во Охрид датира уште од доцните ’70-тти години кога биле исполнети сите услови, но се случило нешто друго.

„Од 1981 година државата најде механизам и учениците Египќани ги стави во паралелките на македонски јазик затоа што се намалуваше бројот на паралелки на македонски јазик и со тоа се намали бројот на паралелки на албански. Со тоа државата не овозможи механизам да се отвори гимназија на албански во Охрид“, рече Есат Арслани-граѓански активист.

Сега учениците Албанци од Охрид по завршувањето на основното училиште, околу 80 отсто од нив образованието на албански го продолжуваат во Струга. Другите остануваат да следат настава на македонски во средните училиштата во Охрид.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button