
Во рамките на меѓународната операција „Пандора“, насочена кон борба против трговијата со културни добра, запленети се 37.727 предмети, вклучувајќи археолошки артефакти, уметнички дела, монети и музички инструменти, а уапсени се 80 лица.
Исто така, запленети се 69 детектори за метал и 23 алатки што се користат за нелегални ископувања, се вели во соопштението на Европол.
Како дел од операцијата, запленети се предмети како што се повеќе од 300 археолошки артефакти во Италија, вклучувајќи монети и фрагменти од римскиот период, како и лажна слика од грчкиот скулптор и сликар Јанис Кунелис, чија пазарна вредност би била околу 100.000 евра.