ВЕСТИСВЕТ

Во Перу запленети 2,3 тони кокаин кој бил спакуван како керамички плочки

Перуанските власти соопштија дека заплениле 2,3 тони кокаин кој бил спакуван така за да изгледа како стотици керамички плочки. Дрогата, чија вредност е проценета на најмалку 20 милиони долари, била запленета во најголемиот залив во Перу, Ел Калао, во близина на главниот град Лима.

Крајната дестинација на пратката била Турција.

На прес-конференција во понеделникот, полицијата го покажа кокаинот, кој налик на керамички плочки бил спакуван во дрвени кутии за транспорт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button