ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во полициска акција пронајдено оружје на локалниот пат од село Орланци кон село Никуштак

Од полициската акција и контроли извршени денеска на локалниот пат од село Орланце кон село Никуштак, во околината на Арачиново, пронајдено е разновидно оружје и муниција. Како што соопшти МВР, пронајденото оружје е доставено на вештачење до Одделот за правни истраги и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisements

Според информациите, оваа полициска акција е поврзана со акцијата што се случи викендов, главно во Арачиново, каде беа уапсени соработници на криминалната група позната како „Беланоца“. Од овие дејствија, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против 18 лица осомничени за убиство, изнуда и други кривични дела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button