Во полициска акција во Скопје и Тетово запленета голема количина оружје

Полициска акција во Скопје и Тетово. Пронајдени и запленети се големи количини оружје и муниција.
Полицијата соопшти дека е уапсен 29-годишен маж од Скопје, против кого е поднесена кривична пријава за неовластена изработка, посредување и трговија со оружје и експлозиви, како и за нанесување телесни повреди на својата 33-годишна сопруга.
„Во неговата куќа се пронајдени и запленети 1.167 куршуми од различен калибар, автоматска пушка 7,62 x 39 мм, пиштол „Зораки“ за звучна и светлосна сигнализација, „Ренџер“ со калибар 9 мм, пневматска пушка, рачна граната, рамки за автоматско оружје, футроли за пиштоли, делови од огнено оружје, ножеви и друга тешка опрема“, велат од МВР.
Бирото за јавна безбедност вели дека конфискуваното оружје ќе биде уништено следниот месец, додека во блиска иднина е планирана акција за доброволно предавање на нелегалното оружје.
Ајнур Бафќари