Во полициската станица „Пролет“ конечно малку ред за нови документи
Во полициската станица „Пролет“ конечно малку ред за нови документи

Нормализирана е состојбата со нередот и долгите чекања за лични документи без термин во полициската станица „Пролет“. Граѓаните кои беа денеска таму се пријавија претходно и беа повикани од службите за фотографирање.
Во станицата дојде и техничкиот министер во МВР Панче Тошковски, кој на прашањето дали има доволно двојазични обрасци, одговори дека нема доволно ниту на македонски, ниту на албански јазик, а на турски воопшто и нема.
Во станицата „Пролет“ од денеска се отворени 14 базни станици за да се запре хаосот кој таму траеше со месеци. Граѓаните кои претходно се пријавиле сега добиваат телефонски повик од службите за да добијат друг термин за фотографирање побрзо од закажаниот. Од понеделник оваа станица ќе работи во две смени.
Според МВР, досега со новото уставно име на државава се издадени над 1 милион лични карти, над 1 милион и 255 илјади пасоши и над 550 илјади возачки дозволи./Алсат.мк
Авни Тахири