ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, медицински тим од Чешка пристигна во земјава

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани, медицински тим од Чешка пристигна во земјава

Двајца повредени во пожарот во Кочани попладнево се пренесени во Полска на лекување, информираше Делегацијата на ЕУ во земјава на својата Фејсбук страница.

„Амбасадата на Полска овозможи транспорт со воздушна амбуланта на двајца повредени во трагичниот пожар во Кочани. Пациентите ќе ја добијат потребната нега во Полскиот источен центар за третман на изгореници и реконструктивна хирургија“, се наведува во објавата.

Advertisements

Чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва на социјалната мрежа Х објави дека вчера пречекал медицински тим од Чешка да помогне на македонските лекари во лекување на повредените во пожарот во Кочани. Повеќе од 70 пациенти се префрлени на лекување во странство. 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button