ВЕСТИЗДРАВСТВО

Во пораст бројот на заболени од Ковид, Филипче кажа дали ќе има нови мерки

Засега нема препораки за нови рестриктивни мерки иако се регистрира пораст на новозаболени од Ковид-19, рече министерот за здравство, Венко Филипче. Како што кажа тој, актуелните мерки се доволни и во согласност со оние коишто се во сила во другите европски земји.

Advertisements

„Апсолутно сметаме дека овие се сосема доволни, но треба да се почитуваат. Да се почитуваат во угостителските објекти, на сите места кадешто има собири. Мерките се добро димензионирани, еднакви се како во сите развиени европски земји. Тоа е единствениот начин да може да се функционира нормално и го повторуваме апелот – да се зголеми опфатот со вакцинација“, порача Филипче.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button