ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во последниот период, несреќите, убиствата и повредите беа бројни, а во Кочани се случи и трагедија со 62 жртви, но не се сметаше за соодветно ниту еднаш да се свика Советот за безбедност

Во последниот период, несреќите, убиствата и повредите беа бројни, а во Кочани се случи и трагедија со 62 жртви, но не се сметаше за соодветно ниту еднаш да се свика Советот за безбедност

И на локално ниво, односно на ниво на Скопје, и на државно ниво, од Кочани па наваму се случија многу трагедии- убиства, ранувања , кражби и многу други кривични дела, ова не беше доволно за Советот за безбедност да одржи заеднички состанок и да разговара за сите овие прашања во врска со безбедноста во земјата. Не е предвидено дека ќе има заеднички состанок на Советот за безбедност во блиска иднина.

Advertisements

Телевизијата Алсат испрати прашања до Кабинетот на претседателката за тоа дали Советот за безбедност планира наскоро да одржи состанок на кој ќе се разговара за безбедносната состојба. Сепак, не добивме никаков одговор .Експертот за безбедност Љубомир Ѓурчевски за Алсат изјави дека за да се намали чувството на несигурност, потребен е политички консензус меѓу партиите и законски измени. Исто така, според него, потребно е да се спроведе широка полициска акција за конфискација на нелегално оружје.

Сепак, и покрај сите апсења и притворања, проблемот е во судството, вели Ѓурчевски.

Само во последниот период, во Македонија се случија низа инциденти. На 25 април, 31-годишник беше убиено лице во Дуќанџик, а имаше и серија апсења за дрога и пронајдено оружје./Алсат.мк

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button