ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во последните четири години, земјата има 33.000 жители помалку

Во последните четири години, земјата има 33.000 жители помалку

Ова беше меѓу мерките што премиерот Христијан Мицкоски ги најави за справување со проблемот со намалувањето на наталитетот и бројот на населението. На денешната дискусија за креирање демографски и социјални политики, премиерот го спореди намалувањето на бројот на жители во земјата со исчезнување на цел град.

Advertisements

Владата вели дека претходните влади не разговарале отворено за овие работи,и го премолчувале проблемот. Тие ветуваат дека ќе преземат конкретни мерки во наредниот период.

„Првото и најважно е да се вклучат сите млади луѓе за да бидат дел од заедничките политики и да се изградат заеднички ставови. Да се изградат градинки бидејќи оттука доаѓаат сите проблеми. Родителите, немајќи каде да ги остават своите деца, не планираат да имаат деца. И она што мислам дека е најважно, да се предвидат нови работни места и солидни плати“, рече Фатмир Лимани, министер за социјална политика.

Меѓу другите мерки што беа споменати е зголемување на износот за второ дете, обезбедување помош за близнаци, финансиска помош за вработени мајки, финансиска помош за „ин витро“ третман, зголемување на капацитетите во градинките, намалување на трошоците за отворање приватни градинки, итн.
Засега нема проекции колку ќе ја чини државата спроведувањето на новите мерки./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button