Во последните две недели зголемен бројот на позитивни на Ковид-19 во градинките

Бројот на заболени деца и вработени во градинките во последните две недели се зголемува, но генерално нивната здравствена состојба е добра. Од стартот на отворањето на градинките досега има вкупно 18 деца и 55 вработени позитивни на корона вирусот.
Според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, трендот е ист како и епидемиолошката состојба во земјава. Во периодот од 6 до 19 октомври регистрирани се шест дечиња и 21 вработен позитивени на вирусот.
– Здравствената состојба на сите што досега беа позитивни дечиња и вработени е добра. Немаме хоспитализација, освен оние две што претходно се завршени. На голем дел периодов им заврши изолацијата така што генерално здравствената состојба на децата и вработените во градинките е добра, изјави Шахпаска, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на градинката „Темјанушка“ во Гази Баба.
Во моментот, во изолација се вкупно 309 дечиња и околу 50-тина вработени.