ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во последните три месеци над 4.600 илегални мигранти во Винојуг

Само во последниот квартал во времениот камп за мигранти Винојуг кај Гевгелија, се евидентирани 4.681 лице. Од нив 4.594 биле вратени во Грција од каде што се обиделе нелегално да влезат кај нас. Од вкупниот број, 197 биле жени, 54 деца, 38 малолетници без придружба и 26 баратели на азил. Според земјите на потекло, најго9лемиот број биле од Сирија, а потоа Палестина, Пакистан, Алжир, Египет, Нигерија, Конго, Камерун, Сиера Леоне, Непал и Кина. Според Министерството за внатрешни работи, само во септември годинава биле откриени 16 случаи во кои било спречено криумчарење на 228 емигранти од кои најголемиот дел од земји на Блискиот Исток.

Advertisements

„Според земјата на потекло, најголем број криумчарени емигранти се од Сирија и тоа 161, 30 од Конго, 14 од Ирак, петмина од Турција, четворица од Ангола и Пакистан и помал број од други земји“, наведуваат од МВР.

Според МВР, 15 лица, меѓу кои и државјани на Србија, биле осомничени за сторени 11 кривични дела „криумчарење емигранти“ и четири кривични дела „соучесник во криумчарење емигранти“. Покрај кампот Винојуг, во кампот кај Табановце во последниот квартал престојувале 359 мигранти. Ниту еден не бил барател на азил во нашата земја и сите по кратко време го напуштиле центарот. Од овие 359 мигранти, 33 биле жени, 37 деца и 23-ца малолетници без придружба. Најголем дел биле од Сирија, Палестина, Мароко, Непал и Алжир.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button