ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во последниве 24 часа регистрирани 5 нови случаи на Ковид-19

Во текот на последните 24 часа, од 2.531 извршени тестови на национално ниво, регистрирани се 5 нови случаи на Ковид-19, од кои 2 во Скопје и по еден во Велес, Кавадарци и Берово. Како што дознава Алсат, за истиот период излекувани се 86 пациенти. Битката со Ковид-19 во последниве 24 часа ја загубил 1 пациент.
Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани вкупно 155.689 случаи, од кои 150.063 се излекувани, а 5.485 починале. Во нашата земја во моментов има 141 активни случаи.