ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во пожарот нема повредени и жртви, предизвикана е само материјалната штета

Нема жртви и нема повредени во денешниот пожар кој избувна во Универзалната сала во центарот на Скопје. Има материјална штета, за што ќе треба дополнително да се утврди колкава, пред да се продолжи со градба на објектот. Ова денеска пред опожарената Универзална сала го изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која како што рече откако и било јавено дека избувнал пожар во слата, веднаш се упатила на местото на настанот.
Утринава околу 9 часот бевме информирани дека избил пожар во Универзалната сала и веднаш дојдовме тука. Гледаме дека пожарот е веќе локализиран и дека е веќе изгаснат. Повикувам за брзо постапување од страна на сите институции“, рече таа.