ВЕСТИСВЕТ

Во пресрет на божиќните празници: Австрија ги засилува рестрикциите за земјите од Балканот, Турција, Италија и Германија

Австрија најавува воведување строги мерки на аеродромите и границите за време на Божиќните празници, кои ќе се однесуваат на патувања во земји со висок ризик, пишува весникот „Кронен цајтунг“, повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи.

Мерките ќе се однесуваат на патници од земјите кои се сметаат за ризични области, особено од Балканот и Турција, но и од Италија и Германија.

Според новите мерки , секој австриски државјанин што ќе одлучи да патува во ризични области и покрај предупредувањата, ќе мора да помине 10 дена во карантин по враќањето во Австрија.

Според австрискиот весник, мерките ќе бидат во сила до 10 јануари и ќе важат за сите земји кои имаат седумдневна стапка по бројот на пациенти поголема од 100 на 100 000 жители.

Засега не е познато кога мерките ќе стапат во сила, но весникот потсетува дека милиони христијани го слават Божиќ на 7 јануари и оти главната цел за воведување нови построги правила на границите е да се спречи избувнување на трет бран на пандемијата на коронавирусот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button