ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во пресрет на сезоната на пожари, надлежните сѐ уште без стратегија за евентуална итност

На само неколку месеци од почетокот на сезоната кога се зголемува ризикот од пожари не се знае дали институциите во земјава ќе бидат подготвени да се соочат со ситуации кои речиси секоја година се повторуваат од кои штетите се големи. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов денеска рече дека се разговарало за зголемување на бројот на хеликоптери, но не одговори конкретно дали ќе се зголеми бројот на пожарникари или дали е направен сервис на возилата.

Од трите авиони со кои располага Дирекцијата за заштита и спасување, еден од нив се сервисира, додека директорот на оваа дирекција Беким Максути рече дека другите два наскоро ќе бидат испратени на сервис. Сервисирањето на авион не треба да трае повеќе од 60 дена.

„Во секое време чекаме да ни ја покажат агендата и за другите два авиони и верувам дека во наредниот период ќе ги имаме на располагање авионите за да се соочиме со пожарите што евентаулно ќе не зфатат. Но имаме и други проблеми, во однос на бројот на пилоти, бидејќи двајца од овие пилоти ќе треба да одат на преквалификација во Шпанија, бидејќи се работи за специфична обука“, рече Максути.

Дирекцијата има на располагање 5 пилоти, од кои еден е пред пензија. Со оглед на тоа што ќе се реконструира скопскиот аеродром, авионите кога ќе се сервисираат ќе бидат префрлени на охридскиот аеродром, од каде по потреба ќе бидат на располагање. Авионите беа надвор од употреба речиси три години. Во текот на летото земјата се соочи со бројни пожари, а пожарникарите не можеа да стигнат до тешко пристапниот терен. Во отсуство на нашите авиони, останавме на милост и немилост на соседните и други земји. Лет на противпожарен авион чини најмалку од 2000 до 3000 евра.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button