Во прифатниот Центар „Гази Баба“ во Скопје странските државјани се држат надвор од законските процедури и не им се дава азил
Во прифатниот Центар „Гази Баба“ во Скопје странските државјани се држат надвор од законските процедури и не им се дава азил

Центарот за странци во Гази Баба ги отвори вратите за компанијата за услуги во индустријата, но не и за новинарите.
Околу една недела ни беше ускратено правото да видиме каква е ситуацијата овде со луѓето кои се наоѓаат во центарот Гази Баба во Скопје. Засега немаме одговор од Министерството за внатрешни работи или поточно од регионалниот граничен центар север, дали ќе можеме да снимаме и да видиме како е состојбата со мигрантите или лицата кои бараат азил.
Повеќе од една недела бирократските процедури на МВР не спречуваат да ја видиме реалноста внатре во овој центар. Според информациите кои дојдоа на наша адреса, таму се задржани државјани како на пример турскиот државјанин кој влегол во земјава на 12 септември, додека барањето за азил го поднел на 3 октомври. Истиот ден бил посетен и од адвокат, но тој се уште останува без азилантски статус. Неофицијално, еднаш бил сослушан од обвинител за случај за кој се сомневале дека е поврзан, но се покажало дека не се појавува во истражниот процес и бил вратен во Центарот за странци. Според Информациите во МВР, Внатрешната контрола презела мерки за да види зошто овој турски државјанин кој бара азил останува со нерешен статус. Законот за азил гарантира меѓународна заштита и прекин на сите постапки против граѓанин кој бара азил во некоја земја. За негрижата на Центарот за гранични прашања-Север го информиравме и Народниот правобранител, од кого очекуваме да преземе конкретни мерки со негово загарантирано право./Aлсат.мк
Авни Тахири