ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Во присуство на голем број граѓани од јавниот и општествен живот во Струга официјално беше означен почетокот на работата на Набизи ритаил парк

Во присуство на голем број граѓани од јавниот и општествен живот во Струга официјално беше означен почетокот на работата на Набизи ритаил парк

Во присуство на голем број граѓани од јавниот и општествен живот во Струга официјално беше означен почетокот на работата на Набизи ритаил парк новата модерна дестинација за шопинг и забава во Струга, простор кој ги обединува најсовремените архитектонски, технолошки и трговски стандарди и кој има за цел да овозможи извонредно искуство за потрошувачите и да придонесе за економскиот развој на градот.

Advertisements

Набизи ритаил парк заедно со постоечките деловни простории се простира на површина од 85.000 м², со 1000 паркинг места, логистички простор од 40.000 м². Овде ќе можат да се најдат водечките меѓународни и национални брендови, супермаркети, модни и спортски брендови,технолошки гиганти, кафетерии, банки, осигурителни компании и детски катчиња. Во рамки на проектот се предвидени бензинска пумпа со маркет, хотел,фаст фуд ресторани, и други содржини.

„Набизи ретаил парк, не е само голема инвестиција, туку е наш личен обид, да вратиме нешто во градот и во заедницата. Верувавме во идејата дека и во еден помал град може да се создаде нешто модерно, квалитетно и вредно. Се стремевме да изградиме простор, кој ќе биде убав, функционален, достапен, место каде што ќе живее градот, а не само ќе го исполнува“, рече Насуф Бизати-сопственик на Набизи ритаил парк.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button