ВЕСТИРЕГИОН

Во притвор полицаецот кој уби 25-годишно момче во Тирана, го призна делото

Полицискиот службеник Невалдо Хајдари, кој пред три дена во Тирана го уби 25 годишниот Клодијан Раша, изрази жалење за неговото дело и побара од Судот да одлучи каква казна ќе добие. Држејќи ја главата надолу, полицаецот Хајдари рече: „Убив човек. Немам право да барам одбрана“. Тој дури соопшти дека сака јавно да им се извини на роднините на жртвата. На денешното судење, судијката донесе одлука Невалдо да биде ставен во притвор.

Advertisements

Во меѓувреме тој сакаше да бидат присутни роднините на жртвата за да се извини јавно за време на судското рочиште. На крајот на судењето, судот дојде до целосен заклучок дека мерката лична сигурност против лицето под истрага ќе биде мерката што ја бара обвинителството на судскиот округ во Тирана, а тоа е затвор, предвидено со член 230 од Кривичниот законик.

Според обвинението, полицаецот би можел да добие затвор до 7 години. Пред три дена за време на полицискиот час околу полноќ, полицаецот Хајдари со два куршума го застрелал Клодијан. По убиството избувнаа бран протести во Тирана, а потоа и во други градови во Албанија. За време на протестите имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата. Синоќа оставка си поднесе министерот за внатрешни работи, Сандер Лешај, што е прифатено од премиерот Еди Рама.

Mefail ISmaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button