ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во пукање во Арачиново повреден 24-годишник

Едно лице е повредено во пукање што вечерва се случило во селото Арачиново, информираат за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Повредениот, 24-годишниот А.И. од селото Арачиново, е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже лекарска помош.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„Денеска (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники ’Мајка Тереза’ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во информацијата од МВР.
Изминативе десетина дена ова е трет инцидент со огнено оружје во кој има повредени или убиени лица.