
Воздухопловните сили на Украина соопштија дека повеќе проектили утринава биле упатени кон главниот град Киев, набргу откако националните воздушни тревоги беа подигнати поради закана од руски бомбардери.
Украинските вооружени сили објавија дека Русија кренала во воздух 16 стратешки бомбардери „ту-95МС“ од кои лансираше ракети и дека е прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина.
Украинските медиуми пренесуваат дека на ракетниот напад му претходел напад со дронови и додаваат дека украинската воздушна одбрана ги уништила сите 35 дронови лансирани од Русија.
Воената управа на градот соопшти дека фрагменти од соборените ракети паднале во неколку области, вклучително и на станбени згради.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко рече дека струјата е исклучена во неколку области на главниот град.
Кличко вели дека во областа Подилски бил погоден инфраструктурен објект и оштетен е гасовод и оти службите за итни случаи работат на погодените локации.