ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во рамки на посетата на Стокхолм, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари средба со својот домаќин, министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Мариа Малмер Стенергард

Во рамки на посетата на Стокхолм, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари средба со својот домаќин, министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Мариа Малмер Стенергард

Во рамки на посетата на Стокхолм, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари средба со својот домаќин, министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Мариа Малмер Стенергард.

Advertisements

На средбата се разговараше за билатералните односи и можностите за продлабочување на соработката во различни области, со акцент на трговската и економската соработка, евроинтегративниот процес на државата, како и за актуелни регионални, европски и глобални прашања. Министерот Муцунски го потврди силното партнерство и пријателските односи меѓу двете земји, изразувајќи благодарност што Шведска е силен политички и билатерален партнер. Тој упати искрена благодарност за поддршката во евроинтеграцискиот процес на државата, како и до државата и шведскиот народ за брзата и одлучна реакција по пожарот во Кочани, кога дел од пациентите беа лекувани во Стокхолм.

„Имавме плодна дискусија, поврзана и со предизвиците кои што ги имаме ние на нашиот пат кон европските интеграции и отворено кажавме дека нашето очекување е дека процесот на проширување ќе престане да биде мерен во однос на субјективни, билатерални критериуми туку ќе почнеме да бидеме мерени по однос на мерит и на објективни фактори. Тоа што го слушнав беше охрабрување за нашиот пат кон полноправно членство, ветување дека Шведска ќе продолжи да биде конзсистенен поддржувач на политиката на проширување”, рече Муцунски.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button